Сопственикот Алити вели дека објектот кај „Мавровка“ не е дивоградба, тврди дека сè е легално

Сопственикот на објектот што денеска се урива кај ТЦ „Мавровка“ во изјава за медиумите тврди дека објектот не е дивоградба и оти има елаборат и платени такси и комуналии над 4,7 милиони денари.

– Ништо од тоа што е пренесено од страна на медиумите не е точно. Јас сум сопственик на објектот што беше изгорен од пожарот и на легална градба запишана во Катастарот.  Не се точни информациите дека не сум бил достапен за полицијата. Можете слободно да ги прашате дека првиот ден кога дојдоа, јас бев тука и  им ги дадов документите за објектот. На еден од порталите прочитав дека сум го исекол дрвото. Не сум го сторил тоа, имам видео запис во кој се гледа како го сечат дрвото. Лани најдов проектил од рачен фрлач во објектот. Оваа година ми го запалија. Педесет дена не знам кои се причините. Истрагите завршуваат со непознати причини или непознат сторител. Човекот што го сака мојот објект нека се јави да му го подарам, да не се мачиме вака, изјави сопственикот Мевлудин Алити.

За објектот што денеска се урива изминатиот период имаше дебати и полициска истрага. Откако општинските власти утврдија дека се работи за дивоградба, беше распишан тендер кој да го урива објектот, но никој не се јави. Со одлука на Владата денеска почна уривањето на објектот кое го врши ЈП за Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта под полициско присуство.

Алити вели дека ги избегнувал медиумите во изминатиот период бидејќи сметал дека неговиот приватен бизнис не е предмет на јавен интерес.

Неговиот адвокат вели дека нема кривично дело во случајот бидејќи се работи за објект којшто е легален.

– Согласно законот, објектот што целосно е уништен, сопственикот има право да го врати во поранешната состојба, да го обнови со проект за обнова кој е доставен до општина Чаир  и за кој немаме никаков одговор кое е нивното мислење. На 01.05.2020 година објектот што е во приватна сопственост на Мевлудин Алити беше изгорен целосно од непознати причини и ден денес очекуваме одговор и од полицијата и од Обвинителството кои се причините за пожарот. Од страна на сопстеникот на објектот беше побарано од Општина Чаир  дозвола да се исчисти објектот, односно отпадот и шутот. За тоа има одобрение од страна на Општина Чаир. Во меѓувреме е започната и подготовка на проектот за обнова којшто откако е завршен, е доставен до Општина Чаир, појаснува адвокатот на Алити.

Според него, решението што е донесено од општината дека објектот не соодвествува со фактичката состојба и немал сопственост, не е вистина.

– Имаме доказ, имотен лист кој може да се извади од Катастар каде е запишано правото на сопственост и тоа во неколку имотни листови. Има 333 метри квадратни од тоа 86 метри квадратни друг имотен лист, истакна адвокатот на Алити, додавајќи дека и не е потребно одобрение за градба во случај на обнова на објектот.

Според адвокатот на Алити, проектот за обнова чини 9,5 илјади евра. 

Тагови
реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Македонија

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе