Состојба со COVID-19 во светот до 10 часот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 3.578.798 лица. Од нив починале 248.423, а оздравеле 1.158.826 луѓе.

– Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека создавањето вакцина за новиот коронавирус може да трае со години.

– Бројот на заразени во Украина достигна 12.331 лица, вклучително и 418 случаи регистрирани во последното деноноќие. Новиот коронавирус вчера е откриен кај 26 деца и 62 медицински работници.

– Во северниот дел на островот Кипар веќе 16 дена нема регистрирани нови случаи на коронавирусот, соопшти тамошното Министерство за здравство.

– Властите на Хонгконг планираат на сите жители да им поделат заштитни маски за повеќекратна употреба, за да се ограничи ширењето на коронавирусот.

– Безбедно растојание на плажите, тестови на влезовите на хотелите, нова организација во рестораните, се само некои од мерките кои Шпанија планира да ги преземе за да ја спаси летната сезона, со оглед н а тоа што туризмот е основен столб на шпанската економија.

– Во Бугарија има 21 нов случај на COVID-19, од кои 15 се во болница, соопшти на брифинг секретарот на  Националниот оперативен штаб Димо Димов. Вкупниот број на заразени во Бугарија изнесува 1.632.

– На меѓународен план, САД, Русија и Велика Британија се трите земји со најмногу новозаразени со коронавирусот, соопшти Димов.

– На Балканскиот Полуостров тоа се Турција со 1.670 нови случаи, Романија со 431 и Србија со 102. Како позитивен тренд може да се посочи дека смртните случаи во европските држави подолго време се под 500 за едно деноноќие.

– Во Германија во последните 24 часа регистрирани се 679 новозаразени, со што вкупниот број достигна 163.175, соопшти институтот за инфективни болести „Роберт Кох”. Смртните случаи се зголемиле за 43 на вкупно 6.692.

– Во Бразил за 24 часа регистрирани се 4.588 новозаразени, а починале уште 275 луѓе, соопшти Министерството за здравство. Вкупниот број на потврдени случаи во Бразил изнесува 101.147, а починале 7.025 лица.

– Нов Зеланд за првпат од 11 март нема нов случај на коронавирус во последните 24 часа.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе