SpaceX лансираше европски телескоп за мапирање на „темната“ вселена

Во текот на викендот, SpaceX лансираше телескоп за Европската вселенска агенција (ЕСА) со помош на ракета Falcon 9 од Кејп Канаверал, Флорида.

Станува збор за NIR телескоп наречен Euclid (Евклид), именуван по грчкиот математичар кој се смета за „татко на геометријата“. Овој телескоп ќе проучува како темната материја и темната енергија го обликуваат универзумот.

Покрај камерата од 600 MP што астрономите ќе ја користат за мапирање на една третина од ноќното небо во следните шест години, Euclid е опремен и со NIR спектрометар и фотометар за мерење на поместувањето на галаксиите кон црвено.

Во комбинација со податоците од копнените опсерватории, тие информации ќе им помогнат на научниците да го проценат растојанието помеѓу различните галаксии. Тие се надеваат дека Евклид ќе им дозволи да утврдат дали Општата теоријата за релативноста на Алберт Ајнштајн е различна во космички размери. Постои реална можност телескопот да го револуционизира разбирањето на физиката, па дури и да понуди увид во крајната судбина на универзумот.

URL

„Ако сакаме да го разбереме универзумот во кој живееме, мораме да ја откриеме природата на темната материја и темната енергија и да ја разбереме улогата што тие ја играат во обликувањето на космосот. За да одговориме на овие фундаментални прашања, Euclid ќе ја даде најдеталната карта на екстрагалактичкиот небото“, изјави Карлоле Мундел, директорка за наука во ЕСА.

Сега откако е во вселената, телескопот ќе патува до втората Лагранжова точка на Сончевиот Систем. Тоа е истата област на вселената каде што работеше вселенскиот телескоп James Webb изминатата година. Euclid ќе патува во областа еден месец, а ќе поминат уште три месеци додека ЕСА не ги тестира своите инструменти пред да почне да испраќа податоци назад на Земјата.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе