НБА ДРАФТ 2023

Спарс таличен на драфтот: Француската сензација оди кај Попович

Сан Антонио Спарс станаа големи добитници во ноќеска откако победија на НБА драфт лотаријата и на тој начин го добија правото да го изберат првиот пик.

Спарс беа еден од трите тима, заедно со Шарлот Хорнетс и Портланд Треил Блејзерс, со 14% шанси да го добијат најдобриот пик на драфт лотаријата во НБА и се очекува да го изберат Виктор Вембанјама, 19-годишната француска сензација на драфтот закажан за 22 јуни. Така, младиот Французин следната сезона би можел да игра во тимот предводен од легендарниот Грег Попович, каде играше и неговиот сонародник Тони Паркер.

Сан Антонио во минатото доби некои големи ѕвезди со право на прв избор, вклучувајќи ги Дејвид Робинсон во 1987 година и Тим Данкан 10 години подоцна.

„Ова е навистина посебен момент што ќе го паметам до крајот на мојот живот“, изјави Вембанјама за ESPN од Париз. „...ќе се обидам што е можно поскоро да го освојам прстенот“.

Вембанјама е висок 220 сантиметри и според НБА тој е најочекуваниот руки на годината од Леброн Џејмс наваму, кој беше прв драфтуван во 2003.

Шарлот Хорнетс ќе го избере вториот на драфтот, кој ќе се одржи на 22 јуни во Њујорк, а потоа ќе бидат Портланд Трејл Блејзерс и Хјустон Рокитс. Хјустон исто така имаше 14% шанси да добие на лотаријата.

Детроит Пистонс, третиот тим со 14% шанси да дојде до првиот пик, ќе бира петти.

Скут Хендерсон од Џи Лиг Игнит и Брендон Милер од Алабама се водечки кандидати за да бидат втор и трет избор, соодветно.

Вембанјама е играч на француски Метрополитан 92 со просек од 21,8 поени и 10,3 скокови сезонава.

Сан Антонио го пропушти плеј-офот четврта година по ред и сезонава оствари скор од 22-60, што е трет најлоша скор во историјата на франшизата.

Остатокот драфт лотаријата: Орландо ќе го избира шести, Индијана седма, Вашингтон осми, Јута деветтоа, Далас 10-ти, Орландо (од Чикаго како дел од претходен трејд) ​​11-ти, Оклахома 12-та, Торонто 13-ти и Њу Орлеанс 14-ти.

URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Кошарка

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Read more

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе