Спасовски: Македонски државјани испраќале лажни дојави за бомби, ќе добијат кривични за тероризам

Група македонски државјани набргу ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата и други објекти, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

-Веќе поднесовме една кривична пријава против еден малолетник и практично навлегуваме во една група на лица коишто учествувале во праќањето на дојавите по електронски пат и токму користењето на VPN адреси итн. и сме во позиција за која за многу скоро време целата таа група ќе биде комплетно разоткриена, ќе бидат поднесени кривични пријави за делото тероризам. И ова како појава нас ни овозможи практично да направиме и промени во делот на протоколите за постапувањето, вели Спасовски во интервјуто.

Објаснува дека било потребно добра подготовка и повеќе време и интензивно се работело не само кон подготовка на процедурата, туку и во делот на истрагите.

-Ние само ја детектиравме таа криминална група која се занимаваше со ваквите дојави, за голем дел од дојавите за поголем временски период и за повеќе институции во коишто беа дојавите. Секако дека постои и другата тенденција, а тоа е геостратешките интереси коишто се испреплетуваат во државата, вели Спасовски.

На прашањето дали групата што ја спомнува се македонски државјани, тој одговора потврдно.

- Да, како што реков, поднесовме кривична против едно лице малолетник, но се работи и на една друга група коишто меѓусебно се поврзани во однос на дојавите, додаде Спасовски. 

Министрот соопшти дека се водат и истраги за сите институции во коишто имаше хибридни и сајбер напади и, како што вели, „има сериозен напредок, се добиваат податоци и информации“.

-Самиот факт дека треба овие податоци да ги обезбедиме преку меѓународна правна помош, говори и за тоа дека треба да има подолго време од овој аспект, додава Спасовски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Македонија

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе