Спасовски: Полицијата ќе интервенира на секоја пријава или допрен глас за кршење на антиковид мерките

Имавме седница на главниот кризен штаб и сè уште немаме нови препораки кои подразбираат порадикални мерки. Но, ништо не се исклучува, изјави во „Утрински брифинг“  на „Слободна ТВ“, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Во ниту еден момент нема да правиме да се нарушува неприкосновеното право на домот, но контроли ќе мора да има. Дали со пријави, или по допрен глас, полицијата ќе може да отиде и да интервенира кај сопственикот и да провери дали има нарушувања или не“, вели Спасовски.

Говорејќи околу зачестените полициски контролни екипи на градските улици, Спасовски истакна дека МВР продолжува со активностите во делот на сообраќајните прекршоци.

„Контроли се прават на територијата на целата држава. Се таргетираат одредени општини врз основа на претходно изработен план, а се со цел да се намали хаосот што е присутен во сообраќајот. Контролите ќе продолжат и понатаму. Над 14.000 прекршоци се констатирани во овој период. Активностите и во делот на носење на заштитна опрема продолжува. Во просек имаме 1.000 казнети дневно заради не носење на маски, односно лична заштитна опрема“, вели Спасовски.

Околу коментарите дека на овој начин се полни буџетот, Спасовски дециден дека буџетот е во добра кондиција и преку казнувањето се решава еден сериозен проблем како што се сообраќајните незгоди.

„Ефектите се видливи. Статистички имаме 7,5 отсто помалку прекршоци. Сите ние мора да разбереме дека заедно може да го спречиме ширењето на COVID-19. Тоа не е работа само на институциите. Првата и основна работа е дека секој граѓанин мора се стави во функција на заштита на јавното здравје. Нормално дека мора да се донесат и некои одлуки кои мора да ги спроведеме и да имаме сериозна контрола. Во ниту еден момент нема да правиме да се нарушува неприкосновеното право на домот, но контроли ќе мора да има. Дали со пријави или по допрен глас, полицијата ќе може да отиде и да интервенира кај сопственикот и да провери дали има нарушувања или не“, истакна Спасовски.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани

Читај повеќе