Спектакуларен лет над еден од најголемите кањони во Сончевиот Систем

Уникатните географски карактеристики на големиот кањон на долината Маринера беа снимени од орбитерот Mars Express на ЕСА.

Европската вселенска агенција (ЕСА) неодамна објави видео кое го прикажува целосниот опсег на долината Маринера, гигантски кањонски систем на површината на Марс кој се протега на над 4.000 километри.

Со ширина од 200 и длабочина до 7 километри, Маринера е еден од најголемите кањони во Сончевиот Систем, марсовски еквивалент на Големиот Кањон на Земјата, односно Кањонот Колорадо, во Аризона.

Снимката од летот дава спектакуларен поглед на делот од кањонот познат како Ноќен лавиринт (Noctis Labyrinthus), кој се протега на околу 1.200 километри.

Уникатниот систем на стрмни долини е опкружен со највисоките вулкани во Сончевиот Систем. Научниците веруваат дека токму тие, пред милијарди години, формирале огромни кањони, предизвикувајќи марсовата кора да се растегнува нагоре и на тој начин да формира пукнатини.

Денес, благодарение на прецизните мерења направени од сателитите кои орбитираат околу Црвената планета, можеме да ги видиме уникатните географски карактеристики на овој голем кањон во неверојатно 3D видео.

Видеото е создадено со комбинирање на детални стерео слики од кањонот, направени од орбитерот Mars Express на ЕСА, со постоечките топографски податоци за долината Маринера.

Remote video URL
Тагови
реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Вести

Неандерталците користеле заби од носорог како чекани за да изработуваат камени алатки

Read more

Бришете ги веднаш: Android апликации кои „вријат“ од вируси

Read more

Тинејџерка измислила филтер кој отстранува 96% од микропластиката од водата за пиење

Read more

Дали Google тајно ви има инсталирано фајл од 4GB на вашиот компјутер?

Read more
 

Гик

Неандерталците користеле заби од носорог како чекани за да изработуваат камени алатки

Читај повеќе

Бришете ги веднаш: Android апликации кои „вријат“ од вируси

Читај повеќе

Тинејџерка измислила филтер кој отстранува 96% од микропластиката од водата за пиење

Читај повеќе

Дали Google тајно ви има инсталирано фајл од 4GB на вашиот компјутер?

Читај повеќе

Кинезите направија роботски мајстор кој ќе користи алати на Месечината

Читај повеќе

Apple се свртува кон Samsung?

Читај повеќе

Војна на ѕвездите 2026: Што значат руските сателити над нашите глави?

Читај повеќе

Вештачката интелигенција почна да го копира својот код без човечка дозвола

Читај повеќе

Енергетската криза ја зголеми продажбата на топлински пумпи: Зошто се добри и каде можат да се користат?

Читај повеќе