УЕФА ЕУРО 2020

Спојлер алерт: Македонските фудбалери во албумот на Panini

Филип Здравески
/ 23.03.2021 / 09:45

На Twitter излезе слика од албумот на Panini за Европското првенство на која се гледа страницата каде што е репрезентацијата на Македонија.

Фото: Протестантски Оџа на Twitter

Фотографијата е од Македонец од Швајцарија каде албумот е во продажба само онлајн. Засега во ниту една земја не е достапен во слободна продажба, а тоа веројатно ќе се случи наскоро.

Обично албумите на Panini, било за Светско или за Европско, излегуваат во март во некои земји, но сега поради пандемијата и неизвесноста за самата локација на натпреварите од ЕУРО 2020, и излегувањето на популарниот албум е пролонгирано.

Од она што се забележува на фотографијата, секоја репрезентација има по 20 играчи, а за жал нема тимска фотка.

Нашите играчи во Panini се голманите Столе Димитриевски и Дамјан Шишковски, потоа Егзон Бејтулаи, Висар Муслиу, Кире Ристевски, Стефан Ристовски, Дарко Велковски и Ѓоко Зајков од одбраната, Аријан Адеми, Езџан Алиоски, Енис Барди, Елиф Елмас, Тихомир Костадинов, Бобан Николов и Стефан Спировски од средината и Илија Несторовски, Горан Пандев, Влатко Стојановски, Александар Трајковски и Иван Тричковски од нападот.

Односно, тоа се и играчите кои играа изминатиот период, па во Panini и немале тешка задача да одлучат кои да ги одберат со оглед на тоа што нашиот селектор и онака повикуваше малку играчи, а дел од нив играа повеќе на тренинг отколку на натпреварите.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Read more

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Read more

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе