ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Средноамерикански засилувања за штипска Брегалница

Филип Здравески
/ 28.06.2023 / 15:40

Во Штип пристигнаа двајца фудбалери од простори од каде во нашата лига немале шанса да профедилираат многу играчи - Панама и Костарика.

Дефанзивецот Џамал Дикенс ќе стане првиот Панамец што ќе игра фудбал во Македонија. Има 21 година и игра на позицијата централен дефанзивец, а штипјани велат дека може да игра и како лев бек. Доаѓа од редовите на костариканскиот клуб Десампарадос. Претходно ги бранел боите на панамскиот клуб Тауро.

Второто засилување доаѓа од истиот клуб, но е фудбалер од Костарика. Станува збор за 24-годишниот напаѓач Фабрисио де Хесус Венегас Уљоа, кој претходно настапувал за Санта Ана и Лимон, исто така костарикански клубови. Инаку, тој е помал брат на далеку попознатиот Јохан Венегас, исто голгетер, кого во репрезентацијата на Костарика ко гледавме на Мундијалите во Катар 2022 и Русија 2018.

Веќе имаше еден Костариканец во македонската прва лига и тоа офанзивецот Фреди Алварес, кој одлично се покажа во Шкупи и скоро направи трансфер во Тајланд.

Дикенс и Венегас ја засилуваат Брегалница откако во овој клуб како повратници дојкдоа голманот Мартин Давков од Тиквеш и десниот бек Ване Јованов од Победа. Од клубот досега си заминаа: Александер Борха Кордоба (Беса 1976), Даниел Мојсов (Тиквеш), Давид Денковски (Шкупи), Дарко Додев (Влазниа, Албанија), Адис Хаџановиќ, Милан Ѓокиќ, Немања Шчекиќ и Александар Ристевски (сите без клуб).

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе