Станковиќ за признатиот гол со рака на Јуве: Не ме правете будала

Српскиот тренер, кој ја предводи Сампдорија, е бесен што судиите му признаа гол на Јувентус иако играчот јасно играше со рака.

Сампдорија синоќа гостуваше во Торино и имаше 2:2 кога во 64. минута Адриен Рабјо погоди за 3:2. Но, голот следуваше откако Рабјо топката ја смири со рака.

Судиите во ВАР собата ја разгледуваа ситуацијата, но гледајќи ја снимката, иако од неколку агли, не можат јасно да оценат дали има доволно играње со рака за да го поништат голот. Така, главниот судија покажа на центарот.

„Видете, можете снимката и 20 пати да ја повторите, и секогаш може да видите дека тоа беше рака. Бицепсот се движи. Тоа е сѐ што ќе кажам. Ние имавме поништен гол на Маноло Габјадини против Емполи во 96. минута за рака кога тој паѓаше“, се жали Станковиќ говорејќи за DAZN.

URL

„Ја видовме снимката на таблет и продолживме. Му верувам на судијата и на ВАР ако тоа е она што виделе, но ајде ве молам, можеме да прифатиме до одредена граница, потоа не ме правете будала“.

„Извинете, можеби секако ќе загубевме, но оставете ме да играм уште неколку минути со резултат 2:2? Моето срце крвари за овие момци, тие заслужуваат подобро“.

Јувентус имаше 2:0 со головите на Бремер во 11-тата и Рабјо во 26. минута, но потоа тимот на Станковиќ во фуриозни 70 секунди постигна два гола и дојде до израмнување. Погодија Томазо Ауџело и Филип Џуричиќ во 31. и 32. минута.

Remote video URL

„Сампдорија даде сѐ од себе. Против силен тим како Јуве, кој со одземените бодови ќе беше на второто место, одигравме многу добро. Штетно е кога примате голови на евтин начин, но играчите одиграа одлично за да се вратат. Можеше да биде многу поинаку, но тие не се откажаа. Ако мора да загубам, сакам тоа да биде со гордост. Направивме многу грешки при третиот и четвртиот гол. Мора да поработиме на одбраната при нафрлени топки, да имаме храброст да им се спротивставиме на оние што скокаат во шестнаесетникот“, заврши Станковиќ.

Пет минути по контроверзниот гол Јуве имаше и пенал, но Душан Влаховиќ ја погоди стативата. Сепак, четвртиот гол за „Старата дама“ стигна во 4. минута од надополнувањето кога младиот Аргентинец Матиас Соуле го постигна својот деби гол во Серија А.

Станковиќ ја води Сампдорија од октомври, но на клубот од Џенова му оди тешко сезонава и со само 12 бодови е последен, а исто толку го делат од последното место кое гарантира опстанок.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе