ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2021

Стефан Ристовски е нов играч на Динамо Загреб

Филип Здравески
/ 03.02.2021 / 13:32

Македонскиот репрезентативен бек му се придружи на Аријан Адеми кај хрватскиот гигант конечно бегајќи од Спортинг каде се најде во немилост изминативе месеци.

На агонијата на Стефан Ристовски во Португалија ѝ дојде крај. Синоќа 28-годишниот (на 12-ти месецов му е роденден) десен бек стави потпис на двегодишен договор во загрепски Динамо, практично враќајќи се во земјмата од каде пред 3 и пол години замина во Португалија.

Сумата за која Динамо го откупи Ристовски од лисабонски Спортинг засега е непозната, а неговата моментална вредност според Transfermarkt изнесува 3 милиони евра. Тој сезонава нема ниту еден настап за зелено-белите од Лисабон откако за преме на предсезонските подготовски имаше кавга со тренерот. Клубот потоа инсистираше да го продаде, стигна понуда од руски клуб која Стефан не ја прифати, па клубот за казна го прекомандува да тренира со вториот тим.

Пред да замине за Спортинг во 2017 година Ристовски две сезони настапуваше во хрватската лига, но бранејќи ги боите на Ријека со која освои трофеи во лигата и купот. Сега доаѓа во лутиот ривал на неговиот поранешен клуб каде ќе игра зеадно со неговиот колега од репрезентацијата на Македонија, Аријан Адеми, кој пак е капитен на „Модрите“.

За услугите на Ристовски беа заинтересирани и италијанските калчолигаши Специја и Фиорентина, но го бараа како позајмен до јуни, опција која на Спортинг не му одговараше бидејќи Португалците сакаа по секоја цена комплетно да се ослободат од македонскиот играч.

Ристовски кариерата ја почна во редовите на скопски Вардар од каде направи трансфер во Парма. На Чизмата играше уште и за Кротоне, Фрозиноне, Бари, Латина и Специја пред да отиде во Ријека. Стандарден репрезентативец е на „Рисовите“ и беше една од главните алки во историскиот пласман на ЕУРО 2020. Има точно 60 настапи за црвено-жолтите и постигнато 2 гола.

Промената на средината доаѓа во вистинско време бидејќи Ристовски во форма му е потребен на селекторот Игор Ангеловски за претстојното Европско првенство во јуни. Може да дебитира за Динамо веќе в недела која „Модрите“ гостуваат кај Истра 1961.

Првото интервју на Стефан како играч на Динамо:

Remote video URL
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе