Германска полиција се чини од денеска е присутна низ скопските населби за да воведе ред со неодговорните граѓани кои фрлаат ѓубре каде што ќе им текне, преминуваат улици каде што нема пешачки премин, одат пеш по велопатека, како и со неодговорните возачи кои возат пребрзо, поминуваат на црвено светло, возат пијани, не пропуштаат пешаци на пешачки премин, итн.
Германската полиција од денеска почна со работа, а ја забележавме во Мичурин, паркирана на тротоар, на простор наменет за пешаци. Изгледа брзо се вклопила во скопската култура.