Стјуардеса стана интернет сензација откако ослабе 100 килограми

Стјуардеса од Австралија стана популарна на социјалните мрежи споделувајќи го своето инспиративно слабеење, откривајќи дека успеала да изгуби 100 килограми.

Надин Мекги е еден вид TikTok ѕвезда, а во нејзините видеа на оваа платформа откри дека изгубила преку 100 килограми преку баријатриска операција.

Неодамна ја добила и својата „работа од соништата“ како стјуардеса, за која чувствувала дека претходно не можела да ја работи поради нејзиното здравје. Qantas не бара кабинскиот персонал да има одредена тежина, но услов е „одлично“ ниво на здравје и кондиција.

@nadinephyllisfittt Size 28 to size 10 - and now I get to wear a prettier uniform 🥰 #gastricsleeveaustralia #bariatriccommunity #gastricbypass #weightlossjourney #wls #vsg #rny #weightloss #weightlosstransformation #postopvsg #vsgcommunity #vsgaustralia #vsgjourney #vsgsupport #vsgsurgery #bariatricbabes #duodenalswitch #duodenalswitchsurgery #bariatricqueen #weightlosssurgery #bariatricqueen #glowup #glowupforreal #glowupchallenge ♬ This Is a Work of Art (Sketchy) - Dubskie

Нејзините видеа и објави станаа вирални на TikTok откако таа ја сподели својата трансформација со следбениците, како и ажурирањата за тоа како ѝ оди на нејзината нова работа.

„Се борев со флуктуации на тежината и нарушувања на исхраната/прејадување откако знам за себе. Ми требаше една година и четири месеци да ја постигнам саканата тежина, а сега, два месеци потоа, уште учам и работам на одржување на поздрав и побалансиран однос со храната“, напиша таа во објава на Instagram.

Таа призна дека најтешкиот дел од нејзиното искуство досега е учењето да ужива во омилената храна умерено без чувство на вина, откако со години се бореше со прејадување.

„Мислам дека тоа е нешто на што ќе морам да работам до крајот на мојот живот, но подготвена сум за тоа“, изјави таа.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Чек дис аут

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе