Столтенберг: Обединети сме во осудувањето на неиспровоцираната агресија на Кремљ

Обединети сме во осудувањето на неиспровоцираната агресија на Кремљ и во нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во воведниот говор на денешниот самит на НАТО.

Тој нагласи дека вонредниот самит на НАТО се одржува во критично време за безбедноста.

– Оддаваме почит на големата храброст на украинскиот народ и на украинските вооружени сили кои се борат за својата слобода и своите права. Ги препознаваме и оние во Русија кои храбро зборуваат против војната. Ги слушаме нивните гласови. Тие се важни, нагласи Столтенберг и додаде дека ќе продолжат да се воведуваат санкции против Русија „за да се стави крај на оваа брутална војна“.

Тој информира дека на самитот на Алијансата ќе се разговара за поддршката на сојузниците за Украина, напорите на НАТО да ја зајакне одбраната сега и во годините што доаѓаат.

– Веќе правиме повеќе. На копно, на море. И во воздух. Тоа е неопходно за да се одговори на новата безбедносна реалност во Европа, нагласи генералниот секретар на НАТО.

Вонредниот самит на Северноатлантската алијанса потоа продолжи зад затворени врати.

реклама

Свет

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more

Папата ги повика владите на демографски политики: Не недостигаат кучиња и мачки, туку деца

Read more

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Read more

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе