КУП НА МАКЕДОНИЈА 2022/2023

Струга и Македонија ЃП финалисти во Купот на Македонија

Филип Здравески
/ 05.04.2023 / 17:28

Екипите на Струга и Македонија ЃП по денешните полуфиналнни натпревари изборија пласман во големото финалето на Купот на Македонија.

Струга полуфиналната жрепка ја одреди како домаќин на дуелот со Силекс и стружани ја искористија предноста од домашната публика. Благодарение на голот на десниот бек Меџит Незири постигнат во 65-тата минута за прв пат во својата кратка историја овој млад клуб ќе игра финале.

Силекс беше финалист во минатите две изданија, а денеска пропушти прилика да врзе три финалиња во низа. Лани на пенали загуби, додека преклани го крена пехарот, исто така на пенали.

На другото полуфинале играно во Тетово беше повозбудливо. Шкендија и Македонија ЃП одиграа 1:1 по регуларните 90 минути, по што победникот мораше да се одлучи со изведување на пенали (согласно правилата не се играат продолженија од двапати по 15 минути). Гостите од скопската населба Ѓорче Петров поведоа во 12. минута преку дефанзивецот Есмин Личина, а домашните израмнија во 65-тата преку бугарскиот напаѓач Наско Ленков Милев.

Во пенал-рулетот имаше многу промашувања. Шкендија шутираше прва и веднаш промаши откако Христијан Стевковски го одбрани ударот на Ералд Чинари. Во втората серија Личина го префрли голот, а Шкендија имаше можност да поведе кога Давор Талески го одбрани ударот на Бразилезот Јагу да Силва, но веднаш потоа Љупчо Дориев пласираше крај десната статива. Пенал-рулетот влезе во шестата серија каде Камер Ѓака ја затресе пречката, а потоа Адама Самаке беше сигурен реализатор праќајќи ги „Лавовите“ во ново финале.

Македонија ЃП е всушност бранител на тронот откако лани на пенали го победи Силекс. За разлика од Струга која е прв пат во финалето, „Лавовите“ по петти пат се најдоа таму, а ќе го бркаат третиот пехар. Затоа, пак, Струга е во игра за двојната круна со оглед на тоа што љубоморно го чува врвот во 1.МФЛ.

Финалето ќе се игра кон крајот на мај.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе