Струјата поскапа опција од дизелот за германските возачи

Дека електричната мобилност станува скапа опција, покажуваат новите цени на полнење во Германија.

Електричните автомобили сѐ повеќе се присутни на патиштата ширум светот. Но, нивната предност во однос на возилата на бензин и дизел горива е дискутабилна, барем кога станува збор за реалните трошоци.

Компанијата Plugsurfing, која тврди дека има најголема мрежа на полначи за електрични автомобили во Германија, најави дека ќе ги зголеми цените на своите услуги од 15 јануари.

Така, во иднина, 1 kWh ќе чини 49 центи на нивните полначи со наизменична струја (AC), и 69 центи на брзите полначи со директна струја (DC).

На особено брзите полначи Ionity со моќност до 350 kW, тие во иднина ќе наплаќаат 1,09 евра за 1 kWh. Полнењето директно од Ionity е поевтино, па затоа електричната енергија се нуди за 79 центи за 1 kWh.

Досега Plugsurfing наплаќаше 44 центи на полнач за наизменична струја, 54 центи на DC полнач и 84 центи на полначите Ionity.

Plugsurfing  го оправдува наглиот пораст на цените со зголемувањето на ДДВ-то и прилагодување на трошоците.

На мал електричен автомобил, како што е на пример Opel e-Corsa му требаат околу 16 kWh/100 км (фабрички податоци). Значи, тоа е во најевтина варијанта 8 евра за 100 километри возење, додека возењето Corsa со дизел мотор (4,0 л/100 км) чини помалку од 5 евра за 100 километри.

За полнење на најбрзиот полнач (возила кои поддржуваат брзо полнење), 100 километри ќе ги чинат германските возачи повеќе од 16 евра.

Секако, ако не патуваат далеку, Германците можат да ги полнат своите електрични автомобили дома, а во просек плаќаат околу 30 центи на киловат час за електрична енергија во домаќинството, па во тој случај трошоците на 100 километри со e-Corsa и Corsa е се слични.

реклама

Авто новости

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Read more

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more
 

Автомобили

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе