Суплемент што е опасно да го пиете по 50-тата година

Научниците предупредија дека земањето суплементи на калциум по 50-тата година лошо влијае на срцето и го зголемува ризикот од смрт.

Калциумот игра многу важна улога во одржувањето на здравјето и силата на коските во текот на животот. Многу постари луѓе го земаат како додаток за спречување на скршеници на коските или остеопороза.

Сепак, една нова студија покажа дека земањето на овој додаток по 50-тата година може да има драматично лош ефект врз здравјето на срцето.

Во студијата објавена во стручното списание BMJ, објавена од Британската медицинска асоцијација, научниците го анализирале здравјето на повеќе од 2.600 луѓе кои во просек имаат 74 години. Тие имаа блага до умерена калцификација на аортната валвула, а една третина од учесниците земаа додатоци на калциум. Втората третина земала комбинација од додатоци на калциум и витамин Д, а третата група воопшто не земала никакви суплементи.

Истражувачите откриле дека за период од пет и пол години, учесниците кои земале само додатоци на калциум имале 24 отсто поголем ризик од смрт. Земањето витамин Д со калциум го зголеми тој процент на 31.

„Земењето суплементи на калциум не е добро, згора на тоа, може да биде штетно“, вели д-р Самир Кападија, шеф на кардиоваскуларниот оддел на клиниката во Кливленд.

„Како доктор по интерна медицина и специјалист по витамини, би препорачал додатоците на калциум да се земаат минимално, за да се избегне потенцијална штета“, вели д-р Ариел Левитан, кој е и автор на книга за витамини.

„Одамна знаеме дека прекумерното внесување суплементи може да има голем број на потенцијални несакани ефекти, вклучително и појава на камења во бубрезите, запек и уште позагрижувачки, таложење на калциум во ткивата, срцето и ткивото на градите“, додаде таа.

Д-р Левитан истакнува дека повеќето луѓе можат да внесуваат доволно калциум од исхраната, а најмногу го има во млечните производи, лиснатиот зелен зеленчук, бадемите, наутот и слично.

Тагови
реклама

Здравје

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Читај повеќе
  • play_arrow

Што значи да сте заглавени во врска?

Читај повеќе

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво

Читај повеќе