Сушата го изваде на површина скриениот мост на Нерон

Топлотниот бран што ја зафати Европа доведе до рекордно ниско ниво на водата во бројни реки, вклучувајќи го и Тибар. Тоа, пак, доведе до повторно откривање на археолошкото богатство во Рим, за кое научниците тврдат дека имало двојна улога.

Археолозите од Италија известуваат дека една од градбите именувана по славниот император Нерор е Понс Неронианус - т.е. Нероновиот мост, поради повлекувањето на водата предизвикано од сушата, повторно се појави во коритото на реката Тибар. А како што додаваат, остатоците од мостот биле видливи и во минатото при суши. Тие исто така забележуваат дека и покрај неговото име, не е сигурно дали овој мост всушност бил изграден од Нерон.

Николас Темпл, професор по архитектонска историја на лондонскиот Универзитет Метрополитен, вели дека мостот најверојатно бил изграден пред владеењето на Нерон, но дека сега видливите остатоци од Понс Неронианус биле реконструирани и преместени.

Зошто идејата за изградба на овој мост била навистина лоша?

Понс Неронианус некогаш го поврзувал Рим со област која во тоа време не била развиена. Од едната страна на реката имало пресушено мочуриште кое во тоа време содржело јавни објекти како што се термалните бањи, додека од другата страна било поврзано со областа каде што сега Ватикан поседува свои имоти.

Мери Боутрајт, професорка по класични студии на Универзитетот Дјук, тврди дека отсекогаш било пожелно да се поврзат двата брега на реката Тибар, но дека споменатата област почнала да се развива дури во средината на II век. Затоа таа смета дека мостот најверојатно имал одредена воена и верска улога, бидејќи едниот крај се наоѓал во близина на областа каде што се собирале римските трупи за да одржат победничка парада. Иако точната рута на оваа поворка е непозната, се чини веројатно дека Понс Неронианус служел како составен дел од неа.

Некои од можните теории се дека мостот се користел за транспорт на затвореници. Еден таков пример бил Свети Петар, кој по судењето во Ватикан бил одведен во синџири и распнат во Рим околу 64 година. Затоа, заклучокот е дека овој мост имал двојна намена и значење - како стандардна рута за триумфалните војски за време на парадата, а во спротивна насока за патувањето на Свети Петар до местото на распнувањето.

Бројни научници истакнуваат дека мостот е изграден на лошо избрано место, бидејќи се наоѓа на тесна кривина што води во поплавна рамнина. Познато е дека овие кривини на реките имаат тенденција да ја менуваат формата и патеката, па мостот може да остане без доволно силна потпора. Најверојатно во еден момент тоа и се случило со Нероновиот мост - во средината на III век од нашата ера - бидејќи врз основа на истражувањето на остатоците, констатирано е дека во еден момент бил реконструиран и поместен возводно.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе