Суспендираниот Погба доби необична понуда од Русија: Играње во селебрити лига за 1.500 евра месечно

Пол Погба, на 4 години суспендираниот француски ас и играч на Јувентус, доби интересна понуда од Русија да игра во приватната Лига на богатите.

Според Tuttosport, Погба (30) бил поканет од тимот Броук Бојс, кој се натпреварува во Медиа Футбол Лиг, проект создаден во 2022 година со тимови формирани од славни селебрити личности од сите сфери на животот, вклучително и актери, спортисти и пејачи.

Спортскиот директор Артјом Чатјатурјан за Tuttosport изјави дека контактирал со менаџерот на Погба, Рафаел Пименто, и му понудил сместување, 1.500 евра месечно и пристап до медицинскиот центар, како и некои бонуси.

„Повеќе од ова не можеме да ви понудиме поради клупската политика“, стои на крајот од понудата на Броук Бојс, која ја објави Tuttosport.

URL

Погба целата своја професионална кариера ја помина во два клуба - Манчестер Јунајтед и Јувентус. На 16 години замина од Авр во академијата на Манчестер Јунајтед, а сѐ останато е добро познато. Допинг скандалот и четиригодишната суспензија најверојатно ќе означат крај на неговата професионална кариера

Погба освои 4 шампионски титули и 2 купа со Јувентус, сите во неговиот прв мандат во клубот. Играјќи за Манчестер Јунајтед ги освои Лига купот и Лига Европа. Со репрезентацијата на Франција беше светски првак во 2018 година токму во Русија.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Read more

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more
 

Спорт

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе