СУВ моделите „растураат“ на пазарот во Европа

Кросоверите и теренците (СУВ) постигнаа одлични продажни резултати во првите шест месеци од годината и сочинуваат повеќе од половина од вкупниот број на сосема нови автомобили продадени во Европа за прв пат досега.

Уделот на кросовери и теренци на пазарот порасна на 51 отсто, што претставува значителен скок во споредба со првата половина од 2022 година, кога изнесуваше 48 отсто. Податоците за продажба, составени од Dataforce, покажуваат дека продажбата се зголемила за 23 отсто во текот на првата половина на 2022 година на вкупно 3,37 милиони единици.

Гледајќи ја листата на топ 10 најпопуларни СУВ возила во првата половина од оваа година, моделот Y на Tesla е прв со 138.152 примероци, што е за дури 207 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Единствениот друг СУВ кој ја надмина границата од 100.000 беше T-Roc на Volkswagen, кој испорача 104.465 единици, што претставува зголемување од 32 отсто.

Toyota речиси влезе во одредена компанија со шестцифрена продажба бидејќи нејзиниот Yaris Cross продаде 96.849 единици. Ова е зголемување од 49 проценти.

Топ 10 ги заокружуваат VW TIguan, Dacia Duster, Hyundai Tucson, Peugeot 2008, Kia Sportage, Renault Captur и Ford Puma. Генерално, малите теренци беа најпопуларни на Стариот континент во првата половина од оваа година, со продадени 1.133.822 автомобили. По нив следат компактните теренци со 999.568 примероци и малите автомобили со 913.751 продадени примероци.

Сепак, тоа не значи дека „обичните“ автомобили бележат неуспех. Во првата половина од годината, Dacia Sandero беше продадена во 125.190 примероци, додека Opel Corsa, Peugeot 208 и Renault Clio исто така ја поминаа границата од 100.000 продадени автомобили.

Škoda Octavia имаше одлични шест месеци со испорачани 83.073 примероци, што е за 77,3 отсто повеќе откако VW Group ги реши проблемите со производството. Golf сè уште го победува својот попрактичен и поголем чешки братучед со 88.899 единици.

Некои производители изразија загриженост за судбината на малите модели, обичните автомобили или кросовери/СУВ возилата доколку стандардот Euro 7 стапи на сила во 2025 година во сегашната форма. VW предупреди дека приспособувањето на моторите со внатрешно согорување да ги исполнуваат построгите прописи ќе резултира со зголемување на цените, што ќе ги направи овие автомобили премногу скапи. Ова е причината зошто иднината на моделите како Polo и Fabia е неизвесна.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Авто новости

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе