Свадба од соништата: Прв трејлер за реалното шоу „Say I Do“
Обожаваме серии и филмови со makeover, особено кога зад проектот стојат креативни и квалитетни професионалци.
По огромниот успех на Netflix со „Queer Eye“, креаторите на серијата го создадоа реалното шоу „Say I Do“ во кое двојки ја добиваат свадбата од нивните соништа. За разубавувањето, храната и декорот се задолжени стилист, професионален готвач и дизајнер на ентериер, откако едниот партнер ја пријавил двојката за изненадна, инстант свадба од соништата.
За една недела Џеремаја Брент, Таи Нгујен и Габриел Бертачини прават магија што гарантира дека ќе ви измами солзи радосници. Премиерата е на 1 јули.