Светот има ново жариште – земја каде за многу луѓе физичката дистанца е невозможна

Иако навреме беа воведени сите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, оваа јужноамериканска земја сега се вбројува меѓу најтешко погодените во пандемијата со COVID-19 досега.

Главната причина за ова е сиромаштијата што владее во Перу, објави CNN.

Перу беше една од првите земји во Јужна Америка што презеде строги мерки за превенција од ширење на коронавирусот, како забрана за излегување од домовите, полициски час и затворање на границите.

Денеска во земјата има над 123.900 потврдени случаи на заразени и над 3.600 мртви од COVID-19. Меѓу јужноамериканските држави, Перу е на второ место по број на заразени и починати од вирусот, веднаш зад Бразил.

Официјалните податоци покажуваат дека околу 85% од респираторите во Перу се зафатени, а медицинските експерти стравуваат дека се заканува колапс на здравствениот сектор кој нема да може да одговори на кризата предизвикана од пандемијата.

Перуанскиот лекар Елмер Хуерта за CNN изјави дека една најголемата причина за ваквата ситуација е големата сиромаштија и социјална нееднаквост во земјата. Многу луѓе немаат избор и мора да излегуваат од дома и да работат, а условите во повеќето домови не дозволуваат одржување на социјална дистанца. Според податоците од 2017 година, само 49% од домаќинствата во Перу имаат фрижидер, па луѓето мораат речиси секојдневно да излегуваат и да одат во продавница по намирници што лесно се расипуваат бидејќи нема каде и како да ги чуваат.

Редици и метеж се создава пред продавниците, банките и местата каде државата дели социјална помош, невозможно е да се одржува физичка дистанца, а повеќето луѓе не носат маска бидејќи не можат да си ги дозволат.

Неможноста да се одржи дистанца во домовите и работните места дополнително ја влошува ситуацијата. Повеќе од 30% од семејствата живеат во мал простор, па така во една соба спијат четири и повеќе лица.

Сето ова создава опасна комбинација за ширење на заразата со коронавирусот во Перу, стравуваат експертите.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе