Свини пак му дише во врат на Илон Маск

Минатата година Twitter го суспендираше профилот @ElonJet каде Џек Свини објавуваше информации за активностите на приватниот авион на сопственикот на оваа социјална мрежа, Илон Маск, но тој се врати со нов профил со значителна промена.

Профилот на Свини @ElonJet е суспендиран поради промена на политиката за користење на Twitter која забранува споделување локации во живо. Сепак, Свини повторно ја користи социјалната мрежа преку новиот профил @ElonJetNextDay каде продолжува да објавува информации за летовите на авионот на Маск, но овој пат со задоцнување од 24 часа.

Ова би можело да биде обид на Свини да се „усогласи“ со новите правила, кои овозможуваат објавување на „јавно достапни информации откако ќе помине одредено време, така што поединецот не е изложен на ризик“. Профилот е достапен само кратко време, па останува да видиме дали Twitter ќе реагира.

URL

Свини и неговиот профил @ElonJet се долго време на „радарот“ на Маск. Маск му понудил 5.000 долари за да го избрише профилот, но Свини одбил и барал 50.000 долари. Повеќе од 500.000 луѓе го следеа неговиот профил.

Меѓутоа, профилот беше баниран откако автомобилот во кој бил син му на Маск бил следен во Лос Анџелес. Twitter соопшти дека Свини ги прекршил правилата на социјалната мрежа, но не прецизираше кои правила. Маск подоцна изјави дека ќе го тужи Свини и организациите кои го поддржуваат загрозувањето на неговото семејство.

Од друга страна, профилот @ElonJet на Mastodon го следат 68.000 луѓе, беше отворен на 14 декември годинава и објавува информации за авионот на Маск и летовите на други познати личности. Драмата кулминираше со најавата на Маск за анкета во која корисниците гласаа за тој да се повлече од функцијата извршен директор на Twitter.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Интернет

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more
 

Гик

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе