СЗО: Безбедноста на вакцините е на прво место

Безбедноста на потенцијалната вакцина за коронавирусот е на прво место, изјави денеска главниот научник на Светската здравствена организација, Сумја Сваминатан, откако беше прекинато клиничкото испитување на вакцината од Универзитетот во Оксфорд и AstraZeneca поради сомнежи дека кај еден доброволец дошло до несакани ефекти.

Сваминатан рече дека тоа што се зборува за брзина не значи дека треба да се прават компромиси или да се оди по кратенки за она што би се проценувало во нормални услови.

Таа додаде дека процесот треба да помине низ „правилата на игра“.

– За лекови и вакцини што им се даваат на луѓе, мора да ја тестирате нивната безбедност, пред сè, нагласи Сваминатан.

Конечното клиничко испитување на вакцината против коронавирусот што ја развиваат Универзитетот во Оксфорд и AstraZeneca беше прекинато откако еден од учесниците во тестирањето имал лоша реакција.

AstraZeneca го опиша прекинот на тестирањето како вообичаена пауза во случај на „необјаснета болест“, пренесува BBC.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе