СЗО: Бројот на заразени во светот се намалува трета недела по ред

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на новозаразени со коронавирусот на глобално ниво се намалува трета недела по ред.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, оцени дека новиот тренд покажува оти е можно да се контролира вирусот, иако се појавуваат нови видови, со примена на мерки како физичко растојание, покривање на лицето и одржување на хигиена.

Сепак, Тедрос истакна дека светот веќе бил во слична ситуација и посочи дека не е време за опуштање.

– Во текот на изминатата година, имаше моменти кога во скоро сите земји бројот на регистрирани случаи се намалуваше. Мерките за претпазливост беа олабавени, а потоа вирусот ќе продолжеше да беснее, потсети Тедрос.

Тој нагласи дека во моментот кога се врши вакцинирање на глобално ниво, потребно е да се применат мерки на претпазливост кои придонесуваат за безбедноста на луѓето, пренесува Voice of America.

– Контролирањето на ширењето на вирусот придонесува за спасување животи и ги намалува шансите за појава на нови видови. Исто така, помага дејството на вакцините да биде поефикасно, рече тој. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе