СЗО: Да не се залажуваме, далеку сме од крајот на пандемијата

Кајгана/МИА
/ 19.01.2022 / 08:52

Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адана Гебрејсус, ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронавирусот „не е ни блиску до својот крај“.

Тој потсети дека некои европски земји бележат рекорден број на нови случаи поради сојот  омикрон.

Тедрос, на редовната прес-конференција во седиштето на СЗО во Женева, изјави дека сојот омикрон само минатата недела предизвикал 18 милиони нови инфекции ширум светот.

-Иако овој сој може да се покаже дека е помалку сериозен, наративот дека се работи за блага болест е погрешен, рече тој.

-Не правете грешка, омикрон предизвикува хоспитализации и смртни случаи, а уште потешки случаи ги поплавуваат здравствените установи“, рече директорот на СЗО.

Тој ги предупреди светските лидери дека „со неверојатниот напредок на омикрон на глобално ниво, најверојатно ќе се појават нови варијанти на вирусот, поради што следењето и евалуацијата остануваат клучни“.

-Исто така сум особено загрижен за многу земји кои имаат ниски стапки на вакцинација, бидејќи луѓето се многу повеќе изложени на ризик од сериозни болести и смрт доколку не се вакцинираат, рече тој.

Директорот за вонредни ситуации на СЗО, Мајк Рајан, предупреди дека зголемената преносливост на омикрон веројатно ќе доведе до зголемување на хоспитализациите и смртните случаи, особено во земјите каде што се вакцинирани помалку луѓе.

-Експоненцијалното зголемување на случаите, без разлика на тежината на поединечните варијанти, доведува до неизбежно зголемување на хоспитализации и смртни случаи, рече Рајан. 

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Свет

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Read more

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Read more

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе