Историски момент

СЗО ја одобри првата вакцина против маларија за децата во Африка

Децата во Африка ќе бидат вакцинирани против маларија, ова претставува историски момент во борбата против оваа смртоносна болест.

Од маларија главно умираат бебиња и деца. Вакцината, произведена од GlaxoSmithKline, е едно од најголемите медицински достигнувања. Како ефикасна се покажа пред 6 години.

Сега, по успехот на пилот програмата за имунизација во Гана, Кенија и Малави, СЗО наведе дека вакцината треба да се применува. Тедрос Адхан Гебрејесус, генералниот директор на СЗО изјави дека ова е историски момент.

„Долгоочекуваната вакцина против  маларија за деца и бебиња е огромен напредок во науката, заштита на здравјето на најмладите и контрола на болеста. Вакцината може да спаси десетици илјади животи секоја година“, изјави тој.

Маларијата се пренесува преку убод од комарец заразен со паразит кој ги напаѓа и уништува крвните зрнца за да се размножи. Лековите против паразитот во организмот, мрежите за кревет и инсектицидите малку помогнаа во намалувањето на маларијата.

Но, се уште постојат околу 230 милиони случаи на заболени и 400.000 смртни случаи годишно, а дури 95% од случаите се во Африка. Во 2019 година од оваа болест починаа повеќе од 260.000 деца.

Тагови
реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Здравје

Популарна диета за 23% го намалува ризикот од прерана смрт

Read more

Храна што може да ја јадете и пред спиење без страв од тегоби

Read more

Што може да се случи во телото ако претераме со внесување калциум?

Read more

3 навики во исхраната што го зголемуваат ризикот од дијабетес

Read more
 

Магазин

Популарна диета за 23% го намалува ризикот од прерана смрт

Читај повеќе
  • play_arrow

Мечка упаднала во куќа во Калифорнија и излегла со колачиња

Читај повеќе

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Читај повеќе

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Знаци дека траумите од минатото влијаат на вашите врски

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете и пред спиење без страв од тегоби

Читај повеќе

Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

Читај повеќе

Како правилно да ги перете белите алишта?

Читај повеќе

Што може да се случи во телото ако претераме со внесување калциум?

Читај повеќе