СЗО: Катастрофално е влијанието на пандемијата врз лекувањето на болните од карцином

Влијанието на пандемијата со COVID-19 врз лекувањето на рак е „катастрофално“, соопшти Светската здравствена организација за Европа.Тие нагласија дека има нарушувања во услугите за онкологија во една третина од европската зона.

„Влијанието на пандемијата врз третманот на карциномот во регионот не може да се нарече поинаку од катастрофа“, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, по повод Светскиот ден на борбата против ракот.

Меѓу 53-те земји опфатени со СЗО за Европа, која вклучува неколку земји од Централна Азија, една од три земји има делумно или целосно суспендирани услуги за пациенти со карцином поради мобилизација против панемија на коронавирус или ограничувања на патувањето.

„Исто така, имаше недостиг на лекови против рак во некои земји и многумина имаат значително намалување на новодијагностицираните случаи на рак, дури и во најбогатите земји“, наведе Клуге во изјавата, истакнувајќи дека има натамошно влошување на нееднаквоста поради економската криза.

Во Холандија и Белгија, при првото затворање во пролетта 2020 година, бројот на нови случаи на рак се намали за 30 до 40 проценти, во Киргистан за 90 проценти во април минатата година, изјави претставникот на ОН.

Според СЗО, во Велика Британија, одложувањата во дијагностицирањето и лекувањето може да ја зголемат смртноста од рак на дебелото црево за 15 проценти и смртноста од рак на дојка за девет проценти во следните пет години.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Свет

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Read more

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Read more

Последната земја во западниот свет го укина ропството на денешен ден

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе