СЗО ќе продолжи да го истражува потеклото на пандемијата со COVID-19

Светската здравствена организација (СЗО) денеска испрати покана до експертите да се приклучат на новата експертска група што ја формира оваа организација, со цел да продолжи работата на истражувањето на потеклото на пандемијата на коронавирусот.

 

Во соопштението на СЗО се наведува дека новата група научници треба да достави независна анализа за досега извршената работа за утврдување на потеклото на вирусот.

СЗО објави дека бара околу 25 членови со соодветна професија кои можат да аплицираат до 10 септември.

Исто така, експертите треба да ја советуваат СЗО за неопходните следни чекори, како и да дадат насоки за критични прашања поврзани со потенцијалната појава на други вируси, како што се МЕРС и ебола.

Тимот од меѓународни експерти ангажирани од Светската здравствена организација во март објавија прелиминарен извештај во кој беше оценето како „крајно неверојатно“ дека потеклото на вирусот е поврзано со лабораторија.

Иако научниците сметаат дека вирусот најверојатно се проширил кај луѓето од животни, теоријата дека потекнува од лабораторија е во центарот на вниманието во изминатите неколку месеци.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, минатиот месец изјави дека е „премногу рано“ да се исклучи теоријата за потеклото на вирусот од лабораторија, наведувајќи дека се можни лабораториски несреќи. 

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе