СЗО од Вухан: Исклучително неверојатно е дека вирусот излегол од лабораторија

Исклучително неверојатно е коронавирусот да почнал да се шири по инцидент во лабораторија во Кина, изјавија денеска истражители на Светската здравствена организација, кои веќе неколку дена се обидуваат да го расветлат потеклото на коронавирусот SARS-CoV-2 во Кина, пренесува Sky News.

Истражувачите веруваат дека најверојатната причина за првичното избувнување на инфекцијата со коронавирусот е „преминување на вирусот“ од животно на човек.

Ова значи дека идните истраги нема да се фокусираат на лабораториски инцидент како можна причина за појавата на инфекцијата со коронавирусот.

Меѓународен тим научници од Светската здравствена организација, кој работи со кинески експерти, веќе некое време се обидуваат да откријат како почна пандемијата на коронавирус.

Тимот истражувачи на СЗО во изминатите неколку дена посетија клучни локации во Вухан, кинескиот град во кој беа пријавени првите случаи на инфекција, и во него разговараа со пациенти, здравствени работници и кинески научници.

Досегашните докази сугерираат дека коронавирусот „преминал“ од животни врз луѓе, а тимот истражувачи на денешната прес-конференција соопшти дека сѐ уште не се сигурни за каков вид животно станува збор и каде тоа точно се случило.

Научниците откриле и дека коронавирусот циркулирал во региони надвор од Вухан пред првиот пријавен случај на инфекција, пренесува Sky News.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Свет

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Read more

Лавров: Ќе се бориме против исламофобијата и русофобијата во светот

Read more

Пијан возач предизвика сообраќајка со 8 мртви и 40 повредени

Read more

Француските затворски чувари протестираат по убиството на двајца колеги

Read more
 

Вести

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Читај повеќе

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Читај повеќе

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Читај повеќе

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Читај повеќе

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

Девојка тешко повредена откако со велосипед удрила во пешак

Читај повеќе