Најновите информации велат дека компанијата OnePlus размислува да влезе на пазарот на таблет компјутери.
OnePlus веќе го заштити името OnePlus Pad во Европа, па љубителите на овој бренд започнаа да шпекулираат.
Samsung се обидува да направи многу добри таблет компјутери, Amazon инвестира многу во производството на овие уреди, а сега овој пазар може да го разниша OnePlus.
Постојат две можни сценарија: едното е дека OnePlus подготвува брендиран Android таблет кој може да биде готов за крајот на годинава, додека другото е дека компанија само размислува за овој производ без цврста одлука да го продава.
Со оглед на експлозијата на овие модели на мобилни телефони на OnePlus, особено на пазарот за пристапни уреди, има смисла понатамошното проширување и на пазарот на таблети. Прашањето е дали таблетот OnePlus би им бил ривал на врвните уреди iPad и Galaxy Tab или ќе се насочи кон пазарот на кој доминира Kindle Fire.