Талентот им е во гените: Синот на Роналдињо оди по стапките на татко му

Жоао Мендес де Асис Мореира има 16 години и е син на легендарниот фудбалер Роналдињо. Моментално е член на Крузеиро чиј сопственик е Роналдо Назаиро де Лима, кој неодамна го купи клубот.

Медиумите во Бразил очекуваат дека наскоро оваа земја ќе добие уште еден голем фудбалер бидејќи синот на Роналдињо ветува многу. Станува збор за млад напаѓач кој настапува за У-17 екипата на Крузеиро и се очекува наскоро да дебитира во сениорскиот тим.

Кога станува збор за Роналдињо, вели дека е среќен што неговиот син го следи неговиот пример да стане професионален фудбалер.

„Бев пресреќен кога видов дека сака да стане фудбалер. Малку ми е страв, како и секој татко и јас стравувам. Ми годи тоа што одлучи да се занимава со тоа што јас го сакам целиот живот“, изјави неодамна Роналдињо.

Легендарниот Бразилец и еден од најдобрите фудбалери кои светот некогаш ги видел тврди дека секогаш ќе биде поддршка на синот и неговата фудбалска кариера,

„Одлично размислува и поради тоа сум среќен. Кога ќе го видам на терен, тоа претставува за мене големо уживање. Тука сум за него да му дадам поддршка и тоа ми е улогата. Не сакам премногу да го задевам, но знам дека мора да учи. Во најдобрите години е и среќен сум што чекори по мојот пат“, додаде фудбалерот.

Бразилските медиуми пишуваат дека момчето е квалитетен играч, но не сакаат да стават притисок пред него. Жоао е роден во 2005 година и освен бразилско поседува и шпанско државјанство со оглед на тоа дека е роден кога Роналдињо играше за Барселона.

URL
Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе