Тексас излегува на референдум за независност во 2023?

Републиканците го засилија притисокот за одржување на референдум за тоа дали Тексас да остане во склоп на САД или да стане независна држава.

Барањето на Тексас да му биде овозможено да излезе на референдум по прашањето за независност наредната година беше едно од многуте предлози услоени во новата платформа на Републиканската партија на минатонеделната конвенција во Хјустон.

Под делот насловен како „Државен суверенитет“, платформата вели: „Согласно член 1, Дел 1, од Уставот на Тексас, федералната влада го наруши нашето право на локална самоуправа. Затоа, федерално овластено законодавство што ги прекршува правата согласно 10-тиот Амандманските на Тексас треба да бидат игнорирани, спротивставени, одбиени и поништени“.

„Тексас го задржува правото да се отцепи од Соединетите Држави, а законодавниот дом на Тексас треба да биде повикан да донесе референдум во согласност со тоа“.

Митот дека Тексас може да се отцепи од САД продолжува поради историјата на независноста на државата, според The Texas Tribune. Тексас прогласи независност од Мексико во 1836 година и помина 9 години како самостојна нација пред да стане американска сојузна држава. Тексас потоа се отцепил од Унијата во 1861 година поради тоа што не се согласувал во укинување на ропството, пред да биде повторно инкорпориран по крајот на Граѓанската војна во 1870 година каде бил дел од Конфедерацијата која била поразена.

Уставот на САД не предвидува отцепување на државите. Во 1869 година Врховниот суд во случајот Тексас против Вајт пресудил дека државите не можат еднострано да се отцепат од Унијата.

„Ако имало некое уставно прашање решено со Граѓанската војна, тоа е дека нема право на отцепување“, напиша еднаш покојниот судија Антонин Скалиа.

Сепак, современите сецесионистички напори во Тексас продолжуваат со децении - а повиците за отцепување имаат тенденција да станат погласни кога демократ е претседател, според The Texas Tribune.

Не е јасно колку популарно е движењето за независност меѓу Тексашаните, но веб-страницата на националистичкото движење на Тексас тврди дека речиси половина милион Тексашани ја поддржуваат нејзината работа „да го направи Тексас повторно независна нација“.

Со територија од 695,662 km² Тексас е втора најголема сојузна држава во САД, по Алјаска. Има 29.145.505 жители, па затоа и по популација е втор во САД, во оваа категорија зад Калифорнија. Населението го сочинуваат 42,5% белци, 39,3% латино, 12,8% афроамериканци, 6,1% азијци и само 1,4% домородно население. Дури 75,5% од жителите се христијани, 20% атеисти, а по 1% се евреи, муслимани и будисти. Главен јазик е англиски, односно тексашкиот дијалект, кој е многу препознатлив од останатиот англиски во САД. Се зборува и шпански.

Името Тексас доаѓа од домородното население Кадо и значи „пријател“ (táyshaʼ), а на територијата ѝ го дале Шпанците додавајќи и едно „с“ на крајот за множина од шпанскиот јазик (да биде „пријатели“). Шпанските колонијалисти имале пријателски односи со ова американско население.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе