Тексас се отвора 100%, се укинува обврската за носење маски

Гувернерот на Тексас, Грег Ебот, вчера го објави најширокото укинување на мерките за коронавирус во сите сојузни држави во САД, велејќи дека повеќето компании може да се отворат со полн капацитет следната недела. Укината е и обврската за носење маски.

Извршната наредба уследи откако многу сојузни држави и поголеми градови во САД, кои бележат голем пад на бројките на заболени и хоспитализации од COVID-19, почнаа со ублажување на ограничувањата наметнати пред една година.

„Време е Тексас да се отвори 100%“, рече на прес-конференција републиканецот Ебот, кому ова му е прв гувернерски мандат. Тој додаде дека наредбата ќе стапи на сила на 10 март.

Извршната наредба на Ебот ја укинува обврската за носење маски низ целата земја и забранува казнување на жителите кои не ги носат маските. Исто така се отстрануваат сите ограничувања за деловно работење во области без голем број хоспитализации.

Во областите каде што уште има многу хоспитализирани со COVID-19, локалните власти можат да применат некои ограничувања на фирмите, но не може да одредат да се работи со помалку од 50 проценти од капацитетите, рече Ебот.

Гувернерот рече дека успеал да ги укине ограничувањата затоа што жителите на Тексас, третата најнаселена американска држава со 29 милиони луѓе, примиле скоро 5,7 милиони вакцини.

На прашањето за потегот на Тексас, портпаролот на Белата куќа Џен Псаки рече дека претседателот Џо Бајден јасно стави до знаење дека сѐ уште се потребни ограничувања против коронавирусот.

Во текот на пандемијата во Тексас се одржуваа протести против рестриктивните мерки, а најголем дел од демонстрантите не носеа заштитни маски и не ја почитуваа мерката за задолжителна социјална дистанца.

Тагови
реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе