Тексашаните го сакаат Метју Меконахи за гувернер

Холивудската ѕвезда има огромна поддршка за нов гувернер на Тексас, покажаа изненадувачките резултати од последната анкета.

Метју Меконахи досега неколкупати флертуваше со идејата да се кандидира за гувернер, но нема донесено конечна одлука. Доколку се реши на таков чекор, тогаш би имал голема шанса и навистина да стане гувернер бидејќи испитувањето на јавното мислење кај Тексашаните вели дека токму Меконахи е главен фаворит за победа на изборите.

Републикаците очигледно е дека повторно ќе одат на избори со актуелниот гувернер Грег Абот, додека фаворитот на демократите е Бето О'Рурк. Но, со оглед на сѐ поголемата поддршка која глумецот ја добива, многу веројатно е да има трет главен кандидат кој ќе им ги замрси сметките на двете најголеми американски партии.

Последната анкета која имаше за цел да го испита јавното мислење околку изборите за нов гувернер даде изненадувачки резултати. Дури 40% од испитаните Тексашани ја поддржуваат идејата Меконахи да биде кандидат на изборите. Доколку се одлучува помеѓу него и актуелниот републиканец Абот, 43% би го поддржале Меконахи, а 34% Абот. Спореден со другиот кандидат О'Рурк, Меконахи има поддршка од 49% наспроти 27% за О'Рурк. На анкетата помеѓу кандидатите на републиканците и демократите, без Меконахи, води актуелниот Абот.

Големата поддршка за Меконахи веројатно се должи и на фактот што мнозинство од сеценионистите преферираат лик како Меконахи да биде гувернер. Сецесионистите се залагаат за отцепување на Тексас од САД и нивните гласови можат да бидат одлучувачки. Потоа, доколку се одлучува помеѓу Меконахи и актуелниот Абот, глумецот би ја добил и поддршката на демократските гласачи кои би сакале било кој освен републиканец да ги води.

Изборите за нов гувернер на Тексас ќе се одржат на 8 ноември 2022 година, а дотогаш Меконахи треба да ја официјализира својата кандидатура како независен кандидат.

Меконахи е роден Тексашанец од малото гратче Јувалди. На почетокот од месецов наполни 52 години.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе