Телескопот James Webb откри вода околу комета

Вселенскиот телескоп James Webb на американската вселенска агенција НАСА го забележа своето второ големо откритие за само две недели.

Истражувачите ја искористија камерата на телескопот за првпат да откријат водена пареа околу комета во главниот астероиден појас, позната и како комета на главниот појас. Научниците мислеа дека кометите можат да го зачуваат водениот мраз релативно блиску до Сонцето, но досега немаа цврсти докази за тоа тврдење. Општо земено, тие очекуваа кометите во Кајперовиот Појас или Ортовиот Облак да бидат доволно далеку од Сонцето за мразот да опстојува.

Сепак, ова откритие создаде нова загатка. Додека јаглеродниот диоксид обично сочинува 10 отсто од потенцијално испарениот материјал во кометата, инструментите на James Webb не открија ниту еден во кометата Read. Истражувачкиот тим шпекулира дека CO2 или се расфрлал во текот на милијарди години или дека Read се формирал во релативно „удобен“ дел од Сончевиот Систем кој не содржел CO2.

URL

Read беше едно од првите тела користени за одредување на главната категорија на комети во појасот. Телескопот James Webb е првото „парче опрема“ доволно моќно за детално да ги проучува овие комети.

Потребни се повеќе набљудувања за да се утврди дали недостатокот на CO2 кај Read е случајност или споделен со други комети од главниот појас. Без оглед на одговорот, научничката Стефани Милам смета дека мисијата за собирање примероци може да помогне да се соберат повеќе знаења за комети како оваа. Тоа секако би било попрактично од другите мисии бидејќи Кајперовиот појас започнува приближно на работ на орбитата на Нептун, додека Ортoвиот Облак е оддалечен околу две светлосни години.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе