Tesla испорача рекорден број автомобили во вториот квартал

Производителот на електрични возила Tesla во неделата објави дека испорача рекордни 466.000 возила во вториот квартал од оваа година, додека произведе речиси 480.000, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите.

Најмногу беа произведени и испорачани седеанот Model 3 и кросоверот Model Y, со 460.211 произведени и 446.915 испорачани. Покрај тоа, Tesla произведе 19.489 од поскапите Model X и Model S, а испорача 19.225 од нив.

Аналитичарот на Wedbush Securities, Ден Ајвс, го нарече „трофеен квартал“ за компанијата. Постигната е рекордна испорака на возила, но тоа беше очекувано, додаде тој, наведувајќи дека Волстрит прогнозирал испорака на околу 447.000 возила.

Во април оваа година, Tesla ги намали цените на своите возила по петти пат од јануари, намалувајќи ги трошоците меѓу 2 и речиси 6 отсто.

„Намалувањата на цените од почетокот на 2023 година многу се исплатеа за Илон Маск и компанијата, бидејќи се чини дека побарувачката останува многу силна и ефикасноста на производството овозможи масивни испораки“, рече Ајвс.

Овие бројки се значително повисоки во однос на истиот период минатата година. Во вториот квартал од 2022 година Tesla пријави 254.695 испорачани и 258.580 произведени возила. Меѓутоа, во првиот квартал од 2023 година, Tesla произведе околу 441.000 возила и испорача околу 423.000.

Оваа година Tesla има за цел да испорача вкупно 1,8 милиони возила.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Авто новости

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Read more

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Read more

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Read more
 

Автомобили

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе
  • filter

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Читај повеќе

ЕУ има нов план за камионите: Ова е најамбициозниот проект во светот

Читај повеќе
  • filter

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Читај повеќе

Seat сепак нема да згасне: Кој е новиот план?

Читај повеќе