Германското списание Automobilwoche пишува дека постојат определени проблеми со зградите на локацијата на која треба да се гради гига-фабриката на Tesla и поради тоа пристигнуваат нови одложувања.
Нема да бидат почитувани градежните планови и тоа е голем проблем за американската компанија која постојано ја одложува изградбата на гига-фабриката во Германија.
Во германската фабрика ќе се прави секој Model Y кој ќе се продава во Европа. Продажбата требаше да започне во средината на 2021 година, но очигледно е дека ќе биде одложено.
Европската Унија веќе одобри помош за Tesla и се очекува дека ќе добијат милијарда евра за изградба и почеток на производството.