Тимот на ДЗС сведочи: Зградите во Адијаман биле полни со живот пред земјотресот

Харис Сулејман (МИА); видео и фото: Аслан Вишко
/ 02.03.2023 / 10:18

Тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кој веднаш по разорниот земјотрес во Турција, беше испратен да помогне во пронаоѓањето на преживеани и учествуваше во извлекувањето на 38-годишната жена, во разговор за МИА открива дека нејзиното извлекување од урнатините траело цели 8 часа.

По пристигнувањето во градот Адијаман, веднаш почнала потрагата по преживеани, но првиот ден извлечени биле три починати лица. Веќе следниот ден заедно со Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Република Турција - АФАД, успеваат да ја извлечат 38-годишната жена жива од урнатините.

– Веќе вториот ден додека работевме при расчистување на северната страна на објектот, а работевме 24/7, тимот којшто беше на смена, дојде до визуелен контакт со една преживеана личност. Тоа беше 38-годишна Турчинка, раскажува тим-лидерот на Репубичкиот тим за спасување, Ивица Наумовски.

Воспоставиле контакт со неа со помош на преведувач од турски на македонски јазик, а екипите на турски АФАД помогнале во делот на медицинската помош.

– Почнавме со расчистување на сѐ што беше околу неа за да можеме по 8 работни часа да ја извлечеме на безбедно, да ја предадеме на амбулантното возило и потоа да ја префрлат во болниците што беа оспособени за работа за време на разорниот земјотрес во Турција, раскажува Наумовски во видео-изјава за МИА.

Целиот тим вели дека се вратиле оттаму со голема тага и дека она што го виделе ќе го носат цел живот со себе.

– Сите безбедно се вративме во нашата држава со големо искуство, меѓутоа и со голема тага за она што се случи таму, бидејќи како што работевме на самите објекти при отстранување на плоча по плоча видовме дека тие згради биле полни со живот пред да се случи земјотресот, вели Наумовски.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути, вели дека уште од првиот ден откако силниот земјотрес го погоди јужниот дел на Турција, стапиле во контакт со Турската амбасада во Скопје и дека веќе следниот ден на 7 февруари е испратен првиот тим со 40 луѓе во спасувачка мисија. Потоа е испратена уште една група која заедно со првиот тим броеле вкупно 68 спасувачи.

– Скоро сите членови на овие тимови се луѓе кои имаат претходно искуство во делот на справување со земјотреси. Имаат поминато различни обуки во државата и надвор и сите треба да бидеме горди на нивната храброст, но и на спасувачката мисија којашто вроди со плод. Спасивме 38-годишна жена од под урнатините при што сакам да упатам благодарност и на некој начин да искажеме сите поклонетост кон овие момци кои дадоа сѐ од себе, вели Максути, најавувајќи дека тие ќе бидат соодветно наградени.

Горан Андов и Дејан Спасевски од Секторот за оператива и логистика при ДЗС, од моментот кога добиваат задача за заминување на републичкиот тим за заштита и спасување почнуваат да прибираат информации за потребите на тимот.

– Првично знаевме дека мора да набавиме храна оттука барем за минимум 4 дена и да ги задоволиме основните потреби, а тоа е шаторско сместување, кревети и сите минимум потребни услови, објаснува Андов за МИА во врска со нивниот престој во Турција и како се снаоѓале во тие услови со оглед на тоа што имаше сериозни проблеми со какво било снабдување затоа што земјотресот зафати голема територија во тој дел од земјата.

Тие биле одговорни за безбедноста на кампот и сите останати логистички потреби имајќи предвид дека во радиус од 200 километри воопшто немало ниту храна, ниту какви било други средства за нивните потреби, но, како што посочија, имале голема поддршка од турските служби.

Според директорот на ДЗС, треба да извлечеме поука од земјотресот во Турција. Земјотресите, вели тој, не може да се предвидат, но потребни се мерки со кои ќе се намалат последиците во случај на ваква природна непогода. 

– Без разлика што поминуваме низ многу обуки, сепак земјотресите бараат посебно внимание, односно бараат мерки коишто треба да ги намалат последиците во случај на земјотреси. Кога сме кај намалување на овие последици, ние можеме да бидеме горди затоа што после земјотресот во 1963 година во Скопје се градело квалитетно. Кога велам квалитетно, мислам во однос на цврстината на издржливост од земјотреси, вели Максути.

По разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија на почетокот на февруари, бројот на починати според последните информации, се искачи над 50.000.

Remote video URL
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Македонија

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе