Том Брејди купи дел од Бирмингем

Клубот од истоимениот град последен пат играше во Премиер лигата во сезоната 2010/11 кога го освои Лига купот.

Седумкратниот освојувач на Супер Боулот, Том Брејди, склопи партнерство со холдинг-компанијата Birmingham City Knighthead Capital Management LLC и стана претседател на новиот советодавен одбор на Бирмингем Сити.

„Бирмингем е култен клуб со толку многу историја и страст и да се биде дел од 'Сините' е вистинска чест за мене“, рече Брејди во видеото објавено на веб-страницата на клубот и на Twitter профилот на Американецот.

URL

Во клупското соопштение се вели дека Брејди „ќе го примени своето големо лидерско искуство и експертиза во неколку компоненти на клубот, вклучително и работа со одделот за спортска наука за да советува за системи и програми за здравје, исхрана, велнес и закрепнување“.

URL

Бирмингем последен пат играше во Премиер лигата во сезоната 2010/2011 година кога го освои Лига купот со победа над Арсенал во финалето, но и испадна во Чемпионшип. Брејди, најуспешниот бек во историјата на НФЛ, освои шест Супер Боула со Њу Ингланд Петриотс и еден со Тампа Беј Буканирс. Во февруари, по поразот на Тампа во плеј-офот, објави дека се пензионира.

Минатата сезона тимот заврши на 17. место од 24 екипи во англиската втора лига и избегна испаѓање во Лиг 1.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе