Том Круз е во врска со 25 години помладата руска манекенка Елсина Хајрова

Актерот Том Круз (61) и официјално е во врска со руската манекенка Елсина Хајрова (36).

Откако кон крајот на минатата година се појавија гласини за врската, близок пријател на Том Круз потврди дека актерот е во врска со руската манекенка. Според неговата изјава за Daily Mail, актерот редовно го посетува станот на манекенката, кој се наоѓа во отмената населба Најтсбриџ.

Минатата недела, двојката присуствуваше на гала вечера за поддршка на лондонската хуманитарна организација Air Ambulance Charity, која се одржа во хотелот „Raffles“. Но, интересно е што Круз и Хајрова на настанот пристигнаа одделно.

„Во кругот на пријатели на Елсина е добро познато дека таа и Том се во врска. Тие станаа многу блиски во последните неколку недели, но внимаваат да не се фотографираат заедно бидејќи сакаат да ја зачуваат својата приватност“, наведе изворот.

Изворот откри дека тие излегле на вечера во голем број ексклузивни ресторани во Лондон, а исто така уживале во заедничките прошетки во Хајд Парк, кој е блиску до нејзиниот луксузен дом. Инаку, истакнуваат дека нејзиниот стан вреди околу 10 милиони фунти (околу 11 милиони евра).

„Том ја помина ноќта во станот на Елсина, кој, како што можете да замислите, е многу убаво место. Тие уживаат да поминуваат време заедно, а и покрај своето богатство прават многу работи што ги прават нормалните парови“, истакна тој.

Двојката првпат беше забележана на забава пред плоштадот „Гросвенор“ во Лондон на почетокот на декември минатата година, каде што го поминаа најголемиот дел од вечерта танцувајќи заедно.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Elsina Khayrova (@elsina_k)

Потсетуваме дека Хајрова беше во брак со тајкунот Дмитриј Цветков, а денес е британска државјанка. Како што откриваат медиумите, таа и нејзиниот поранешен сопруг делат неколку имоти во Обединетото Кралство, од кои секој е во вредност од повеќе од 20 милиони долари, а има и дел од сопственоста во имоти лоцирани во Дубаи и Кипар. Тие исто така истакнаа дека Хајрова е сопственик на скапи автомобили, накит и уметнички колекции вредни милиони.

Познатиот тајкун Цветков претходно изјави дека нивниот развод го чинел 150 милиони фунти (околу 176 милиони евра), а по гласините дека Хајрова е во врска со Круз, Цветков му рекол на актерот да го држи „широко отворен паричникот“.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе