Тони облека останаа непродадени во пандемијата, кој би можел да профитира од тоа?

Некои трговци се обидуваат да продадат барем дел од залихите, но поголемиот дел од облеката ќе заврши во ѓубре. Затоа, им цвета бизнисот на компании за рециклирање текстил.

Поради залихите на непродадена облека во вредност од стотици милијарди евра, британскиот бренд Marks & Spencer, германскиот Hugo Boss и многу други европски и американски модни брендови и трговци со облека значително ги намалија нарачките во азиските текстилни фабрики за пролетната колекција.

Според Reuters, глобалната текстилна индустрија се надеваше дека 2021 година ќе биде далеку подобра од претходната година, кога побарувачката за облека опадна за 17 проценти поради затворањето на економските активности, но и трендот на работа од дома.

Сепак, новиот бран на затворање на европските економии и многу бавната динамика на вакцинирање во повеќето земји во светот ги разбија овие надежи. Некои големи трговци на облека од западна облека посочуваат дека „се гушат“ во тони залихи облека од минатата година, што нормално би се распродало за време на есенските и зимските попусти.

На пример, британскиот малопродажник Primark за Reuters откри дека има облека во вредност од околу 150 милиони фунти (205 милиони долари) од сезоната пролет/лето 2020 во своите магацини, како и колекции есен/зима во вредност од 200 милиони фунти. Но, проблемот на Primark е само капка во океанот на неволји со кои во моментов се соочува текстилната индустрија. Консалтинг фирмата McKinsey проценува дека глобалната вредност на непродадената облека во продавниците и магацините е помеѓу 140 и 160 милијарди евра. Тоа е двојно повеќе од вообичаените нивоа. Соодветно на тоа, новите нарачки се намалуваат.

Трговците на мало исто така внимаваат да не натрупаат дополнителни залихи, посочува Рон Фраш, поранешен претседател на Saks Fifth Avenue, кој сега е партнер во инвестициската компанија Castanea Partners, која соработува со низа текстилни брендови. Некои трговци се обидуваат да продадат барем дел одзалихите, но поголемиот дел од облеката ќе заврши во ѓубре. Затоа, бизнисот на компаниите за рециклирање на текстил е во подем.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе