Топ 10 пронајдоци кои Кина му ги даде на светот

Зачудувачки инвентивната античка Кина зазема водечка светска позиција во различни области во изучувањето на природата уште од пред новата ера.

Биле тоа мелениуми на пронајдоци што имале најголемо глобално значење.

Изработка на хартија, техники за печатење, барут и компас - четири одлични пронајдоци на античка Кина - се значаен придонес на кинеската нација во светската цивилизација. Нешто подоцна, на ова наследство се придружуваат свилата, детекторот на земјотреси, чајот, Hisense, првиот квалификуван доктор-робот, дронот.

ХАРТИЈА

Хартијата ја измислиле Кинезите, заедно со хартиените пари и картите за играње. Првата хартија била направена во 2 век п.н.е., а производството подоцна било усовршено околу 105-тата година од новата ера.

HISENSE

Денес се случува нова технолошка револуција и токму од Кина го освојува светот. Од 1969 година Hisense фасцинантно ги надминува границите на иновативноста, работејќи неуморно на истражување и развој на електронски уреди за вашиот дом. Hisense стана еден од водечките светски производители на електронски уреди и број 1 ТВ пазар во Кина денес. Исто така, Hisense е стратешки партнер на брендот Gorenje, со што обезбедува дистрибуција на тековните иновации и во нашиот регион.

ТЕХНИКА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

Техниката за печатење на дрвени блокови ја измислиле Кинезите 200 години пред почетокот на новата ера, и мобилниот тип на печатач 200 години подоцна. Стотици години пред пронаоѓањето на машината за печатење од Гутенберг, античките Кинези создале еден вид прототип.

КОМПАС

Кинезите го измислиле магнетниот компас за да може полесно да се одреди точната насока на движење. Првата намена му била во урбанистичкото планирање, но многу брзо компасот станал многу важен за правење мапи и за навигацијата на бродовите.

БАРУТ

Барут бил измислен во 9 век од страна на хемичари кои се обиделе да го пронајдат еликсирот на бесмртност. Не долго после тоа, инженерите сфатиле како да се користи барут за воени цели како што се бомби, пушки, мини, па дури и ракети. Тие исто така го измислиле и огномет и создале одличен огномет за прослави.

СВИЛА

Одгледувањето на свила наводно датира од времето на легендарниот Жолт цар, кога царицата Леизу одгледувала свилени буби. Со векови, свилата се правела исклучиво за Кина. На традиционалниот пролетен фестивал, царот секоја година ја орал ритуалната бразда, а царицата ритуално нудела лисја од црница и кокони од свилена буба. Свилата пронашла многу намени низ вековите, не само за облека, туку и за сликање и пишување, бидејќи е мека и ја задржува бојата.

СЕИЗМОГРАФ

Кина отсекогаш ја мачеле земјотреси. Некои, како големиот земјотрес од 1556 година, биле навистина ужасни: загинале 800.000 луѓе. Низ милениумите Кинезите оставиле одлични записи за овие катастрофи.

Затоа Чан Хен, кралски астроном од династијата Хан, измислил точен сеизмограф во 132 година - 1600 години пред Западот да успее во тоа. Тоа била голема бронзена урна со осум змејски глави кои гледале нанадвор во осум насоки. Секој змеј држел топка во устата. Околу дното на урната, под секој змеј, седела жаба со отворена уста.

Нежно превртеното нишало било скриено во урната, па дури и најмалиот сеизмички бран би го придвижил. Нишалото ќе го придвижило механизмот така што топката паѓала од устата на змејот во устата на жабата подолу. Се спуштала со голем удар кој го најавувал земјотресот. Знаејќи со која жаба е „нахранета“, можело да одреди во кој правец се случувал земјотрес.

ЧАЈ

Историјата на чајот датира уште од античка Кина, пред скоро 5.000 години. Според легендата, во 2732 година п.н.е. Царот Шен Нун го открил чајот кога лисјата на диво дрво паднале во лонец со врела вода. Веднаш го заинтересирал пријатниот мирис на добиениот пијалок и решил да се напие. Останатото е историја.

ДОКТОР РОБОТ

Милиони студенти полагаат квалификациски испити за да станат доктори, така што уште еден и не е некаква новост, освен ако не е робот. Xiaoyi е првиот робот што го положил испитот и за тоа морал да проучи и да прочита десетици учебници по медицина, да апсорбира над два милиона медицински досиеја и да прегледа повеќе од 400.000 медицински статии за да биде во тек со најновите достигнувања во медицината. За учење, тој го искористил својот вештачки интелигентен мозок за да развие начин на расудување (а можеби и чувство за согледување на медицинските проблеми).

ДРОН

Првиот дрон полета од Кина пред 11 години, а денес носи профит од кој ќе ви се сврти во глава. Беспилотните летала се во професионална употреба во спасувачките мисии, земјоделството, во филмската индустрија, ги користат корпорациите за пребарување на мински полиња, со цел прскање на земјоделски култури и проверка на гасоводи, но најчесто филмските студија што инвестираат во високобуџетни филмови.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Чек дис аут

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Read more

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе