Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Порталот Live Science објави интересна листа на најдолговечни животни во светот.

За разлика од луѓето, за кои научниците тврдат дека можат да живеат меѓу 120 и 150 години, некои животни живеат стотици години, па дури и илјадници.

Најголемите рекордери се наоѓаат во светските океани и други водни тела. Во продолжение ви претставуваме пет животни кои се на самиот врв на листата.

5. Исландска школка

Исландската школка, или Arctica Islandica, живее на северот на Атлантскиот Океан, а научниците тврдат дека може да живее подолго од 500 години. Најстарата исландска школка пронајдена е школката Минг, стара 507 години и го добила името по кинеската династија Минг бидејќи се родила за време на таа династија.

4. Црн корал

Иако на почетокот изгледаат како подводни карпи или растенија, коралите се всушност колонии на безрбетниците полипи. Овие полипи може да се репродуцираат сексуално или асексуално. Најдолговечни се длабокоморските црни корали, кои живеат во тропските мориња. Најстарите примероци на црн корал се пронајдени на Хаваи, а се датирани на 4.265 години.

3. Стаклести сунѓери

Слично на коралите, сунѓерите се исто така колонии на животни. Најдолговечните сунѓери се стаклестите сунѓери, кои живеат во длабоките океани. Еден од најстарите примероци припаѓал на видот Morohaphis chuni и бил стар околу 11 илјади години.

2. Бесмртна медуза

Бесмртната медуза или Turritopsis dohrnii, која живее во Средоземното Море, може да живее вечно. Овој тип на медуза е познат по тоа што може да се претвори во полип кога е неухранета или кога се чувствува загрозена, а потоа повторно да се претвори во медуза. Иако бесмртните медузи не можат да умрат од старост, нивната големина од 4,5 милиметри не им дозволува да живеат долго бидејќи често ги јадат рибите и другите организми.

1. Хидра

Хидрите се мали животни од родот светулки, кои исто така се сметаат за бесмртни. Хидрите имаат способност да се регенерираат, што значи дека нивните матични клетки постојано се делат за да ги заменат оштетените клетки. Иако не стареат, хидрите сепак се мета на разни предатори и болести, но под поволни услови би можеле да живеат вечно.

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Read more

Вести

ChatGPT доби голема бесплатна надградба

Read more

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Read more

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Read more

DJI го претставува дронот Mavic 4 Pro со подобри камери и поголем дострел

Read more
 

Гик

Qualcomm го претстави Snapdragon 7 Gen 4: AI и гејминг моќ за телефони од средна класа

Читај повеќе

Најдобрите Android телефони за 2025

Читај повеќе

ChatGPT доби голема бесплатна надградба

Читај повеќе

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Читај повеќе

Android 16 е значително побезбеден и поотпорен на измами

Читај повеќе

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе

Што ја „цица“ батеријата на вашиот телефон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Авантуристичката игрица Marvel 1943: Rise of Hydra одложена за 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Читај повеќе