Торнада дивееја низ САД, има загинати

Макфакс
/ 01.04.2023 / 13:56

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени откако вчера торнадо го погоди главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина кога се урна покрив на театар во Белвидер, Илиноис, при што повредени се 28 лица. Покривот се урнал додека во театарот се одржувал хеви метал концерт, пишува Sku News.

Гувернерката на Арканзас, Сера Хакаби Сендерс, потврди дека некои луѓе сѐ уште се заробени во урнатините. Торнадото уриваше куќи, преврте автомобили и корнеше дрвја. Без струја во Арканзас останаа околу 90.000 граѓани.

URL

„Во овој момент знаеме за 24 лица хоспитализирани во болниците во Литл Рок“, напиша на Twitter градоначалникот на Литл Рок, Френк Скот Џуниор.

Медицинскиот центар „Баптист“ во соседниот Норт Литл Рок одделно извести дека лекувал 11 лица кои биле повредени, вклучително и едно во критична состојба. Други градови надвор од Литл Рок, исто така, известија за широко распространето уништување и повреди.

Ричард Денис, началник на полицијата во градот Вин, за локална телевизија изјави дека торнадото предизвикало „тотално уништување низ градот“. Торнадото следеше по серијата силни грмотевици што ги погодија јужните и средните западни региони на САД, дом на околу 85 милиони луѓе.

URL

Бурата предизвика и други торнада во Ајова, и шумски пожари во Оклахома. Луѓето беа повикани да се евакуираат во делови од Оклахома Сити за да се спасат од пожарот. Синоптичарите најавуваат нова серија силно невреме следниот вторник во истото подрачје.

Кобното торнадо се случи додека претседателот Џо Бајден ги обиколуваше последиците од друго смртоносно торнадо што го погоди Мисисипи пред една недела. Најмалку 21 лице загина во тоа торнадо, а околу 2.000 домови беа оштетени.

Гувернерот Хакаби Сендерс активираше 100 членови на Националната гарда на Арканзас да им помогне на локалните власти да одговорат на последиците од торнадото. Прогласена е вонредна состојба.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Read more

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Read more
 

Вести

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Читај повеќе