Трамп COVID-19 го нарече Kung Flu
За време на еден од своите предизборни митинзи, американскиот претседател уште еднаш се пошегува на сметка на Кина давајќи му ново има на коронавирусот COVID-19.
„Тоа е болест, нема збор за тоа, а има повеќе имиња од било која друга болест во историјата. Можам да ја наречам Kung Flu, можам да именувам 19 различни верзии на имиња“, рече Трамп.
Kung Flu, игра на зборови, асоцирајќи на кинеската боречка техника кунг фу со тоа што flu на англиски значи грип.
Митингот се одржа во градот Тулса во сојузната држава Оклахома.