Трамп: Ќе го вратиме Претставничкиот дом, ќе го вратиме Сенатот и ќе ја вратиме Америка и тоа наскоро

На првиот митинг синоќа откако ја напушти Белата куќа, Доналд Трамп ја критикуваше имиграциската политика на администрацијата на претседателот Џо Бајден и ги повика приврзаниците да им помогнат на републиканците да го вратат мнозинството во двата дома на Конгресот.

„Ќе го вратиме Претставничкиот дом, ќе го вратиме Сенатот и ќе ја вратиме Америка и тоа наскоро“, рече Трамп.

Трамп одржа говори на некои митинзи на републиканците откако ги загуби изборите од демократот Бајден, но митингот во Охајо – држава каде победи на изборите во 2020 година – претставува враќање на масовните митинзи што беа клучни за одржување на поддршката на неговата база.

Трамп ја напушти функцијата по нападот на неговите приврзаници на Капитол на 6 јануари, што се случи кратко по говорот во кој ги повтори тврдењата дека изборите биле украдени.

Тој сѐ уште има големо влијание врз Републиканската партија, делумно затоа што ја остави отворена можноста повторно да се кандидира на изборите во 2024 година, јавија американските медиуми.

Обраќајќи им се на илјадници приврзаници, Трамп направи список со поплаки – со критики за изборите во САД, а особено се фокусираше на зголемениот број имигранти кои влегуваат во САД преку јужната граница.

Враќањето на Трамп на големите митинзи е почеток на јавни настапи во кои поранешниот претседател ги напаѓа републиканците за кои верува дека политички го изневериле.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе