Трамп: Мојот говор беше целосно исправен, не сакам насилство

Американскиот претседател Доналд Трамп, во изјава дадена денеска првпат по немирите минатата недела, не изрази жалење за тоа што се случи во Капитолот на САД во средата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Ако го прочитате мојот говор, а многу луѓе тоа го сторија, и јас повторно го прочитав во весниците и на телевизија, и говорот е анализиран, луѓето мислат дека беше целосно исправен, изјави Трамп денеска во воената база „Ендрјуз“ во Мериленд, пред неговото патување за Тексас. 

Тој говореше за неговото спонтано обраќање до поддржувачите минатата недела, во коe повика да „се борат посилно“ против „лошите луѓе“, повикувајќи ги да маршираат пред Капитолот на САД. 

За демократите, овој говор како и претходните коментари на Трамп, беа увертира во насилството во Конгресот предизвикано од негови поддржувачи, и затоа тие подготвуваат процедура за негово второ отповикување што треба да започне утре. 

 – Ако Ненси Пелоси и Чак Шумер продолжат по овој пат, мислам дека тоа ќе предизика огромна опасност за нашата земја и предизвикува огромен гнев. Но, не сакам насилство, истакна Трамп. 

 Неговиот коментар се сфати како порака до екстремните десничарски и конзервативни елементи во САД, ако демонстрираат во Вашингтон на 20 јануари, да го направат тоа на мирен начин. Слични протести се очекуваат и пред капитолите на повеќе сојузни држави, за што Федералното биро за истраги веќе испрати предупредување.  

Минатата недела, во средата, толпа поддржувачи на Трамп, дел од неа вооружена и со знамиња на Конфедерацијата, ги урна полициските барикади на објектот на Капитолот во Вашингтон и упадна во кабинетите на конгресмените, со што ја фрли американската политика во тотален хаос.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе