Трамп: Путин никогаш немаше да постапи вака доколку јас бев претседател

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска  жестоко го обвини својот наследник Џо Бајден за лошо управување со украинската криза и излезе со тврдење дека Владимир Путин „никогаш немаше да постапи вака“ доколку тој и денеска беше во Белата куќа.

-Доколку се управуваше правилно, нема апсолутно никаква причина воопшто да се случи тоа што денеска го гледаме, рече поранешниот американски претседател.

„Добро го познавам Владимир Путин и никогаш не би го направил тоа што го прави сега за време на администрацијата на Трамп. Не доаѓа предвид!“ рече Трамп коментирајќи ја наредбата на рускиот претседател за распоредување руски војници во двата сепаратистички региона од источна Украина.

Американската опозиција ја критикуваше блискоста на Трамп, за време на неговиот мандат, со претседателот Путин.

Американскиот милијардер кој размислува за повторна кандидатура за Белата куќа оцени дека „се слаби“ санкциите што ги воведе администрацијата на Бајден против Путин за блиски до него поединци и организации.

-Тие се незначителни кога се споредуваат со окупацијата на една земја или стратешки области, рече тој.

„Не само што Путин го постигнува тоа што отсекогаш го сакал, туку и станува побогат благодарение на зголемените цени на нафтата и гасот“, додаде поранешниот американски претседател.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе