Транспорт на отворено море: Дронови кои им пркосат на ветровите и брановите
Американската морнарица тестира нови системи за снабдување подморници и воени бродови на отворено море, со употреба на беспилотни летала.
По тој повод, набавен е прототип на Blue Water Maritime Logistics, на компанијата Skayways, за демонстрација на испорака во Мериленд.
„Станува збор за проект кој се разликува од системот на Amazon. Транспортот на отворено море бара издржливи летала, способни да совладуваат силни удари на ветрови и други проблеми“, велат од Skyways.
Морнарицата одбра летало кое може да транспортира 9,1 килограми товар на брод во движење, без дополнително гориво.